Џорџ Р. Р. Мартин и Стивен Кинг се едни од најпопуларните модерни писатели. Замислете како би изгледал разговорот помеѓу двајцата.
Не мора да замислувате, таков разговор веќе се одржал и бил снимен. Целиот разговор трае речиси еден час, но најинтересниот дел од целата снимка е на околу 50-тата минута, кога Мартин му поставува искрено прашање на Кинг.
Прашањето гласи: „Како, по ѓаволите, пишуваш толку бргу?“ Оригиналот на англиски гласи: „How the fuck do you write so fast?“