X
 13.07.2016 Образование

Играчки преку кој децата може да комуницираат со родителите без телефони или таблети

Денес, технологијата владее со нашите животи, па тешко е да се постигне здрав баланс помеѓу дигиталниот свет и реалниот. Но, за родителите, ова е уште потешко.



Две мајки, Гору Нанда и Одри Хил сакаат да им помогнат на родителите низ светот во поглед на воспитувањето на децата во оваа технолошка ера. Тие измислиле уред со кој родителите може да останат во контакт со своите деца без да трошат пари за ајфони или ајпеди.

Уредите се играчки кои доаѓаат во различни форми. Секој уред му овозможува на детето да разговара со своите родители или со пријателите. Тие се поврзуваат со домашна интернет-мрежа и децата треба само да притиснат копче за да испратат порака. Родителите ги добиваат пораките преку апликација на својот телефон.

Освен уред за комуникација, ова е играчка. Тоа спие и извикува кога е фрлено во воздух, а доколку се протресе, детето може да испраќа порака со смешен глас. Играчите наскоро ќе започнат да се произведуваат и ќе чинат 79 долари.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование