Во 2015/16 година, вкупно 7.201 ученик-студент биле сместени во студентски дом или интернат за ученици и студенти. Според најновите податоци од Заводот за статистика, ова е намалување за 2,8% во однос на претходната учебна година.
Во извештаите биле опфатени вкупно
37 домови за ученици и студенти, од кои 13 се студентски домови, 14 се домови за ученици во средни училишта и 8 се домови за ученици во основни училишта. 2 домови се наменети за ученици во средно верско училиште.
Според податоците, најголем број од младите кои се сместени во студентски домови -
5.351, додека најмал е бројот на ученици сместени во домовите за основни училиште -
115.
1.727 ученици-студенти се сместени во дом за ученици кои посетуваат средно училиште.
Од сите ученици-студенти сместени во домови,
4.787 се студенти,
1.727 посетуваат средно училиште, а
115 посетуваат основно училиште.
268 ученици од средно верско училиште се сместени во дом, од кои 214 во дом за ученици во исламско верско училиште, а 54 во дом за ученици во православно верско училиште.
Интересно е да се забележи дека бројот на ученици-студенти кои се сместени во дом за ученици во средно и основно училиште одговара со бројот на ученици од средно и основно кои се сместени во домови, но бројот на лица сместени во студентски домови е поголем од бројот на студенти сместени во домови.
Така, во студентските домови се сместени 5.351 лице, а бројот на студенти сместени во домови изнесува 4.787 студенти. Нема податоци за типот на останатите
564 лица.
Целосните податоци пронајдете ги
ОВДЕ.