Денес е петок, 22 јули 2016 година, 204-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:13, а ќе зајде во 20:04 часот Денот ќе трае 14 часа и 51
минутa.
Ведро и доста свежо ова утро во Македонија. Во овие утрински часови
насекаде низ Македонија е сончево со температури кои што се пониски од
вообичаените за овој период од годината.
МАКЕДОНИЈА - Денес по свежото утро во текот на денот ќе биде сончево и
многу потопло со дополнителен пораст на максималните температури.
Ветерот ќе го намалува својот интензитет и се очекува да дува доумерен
слаб северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 8 до
18 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до
26 односно до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.
СКОПЈЕ - Во Скопје денес по свежото утро во текот на денот ќе биде
сончево и потопло. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската
температура од 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 34
степени. УВ индексот ќе има вредност 8.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во сабота и недела тропски денови, ќе
биде сончево и многу топло. Температурите ќе бидат во пораст а
максималните во сабота ќе се движат од 29 до 39 степени, а во недела од
30 до 40 степени. Во деновите од викендот вредноста на ув индексот ќе
биде висока и ќе има вредност 10. Во понеделник и вторник промена на
временската состојба. Умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и
грмотевици и посвежо со пад на максималните температури кои ќе се движат
во интервал од 25 до 35 степени.
Weather4all.com.mk