X
 23.08.2016 Живот

Какво време да очекуваме во наредните 5 (пет) дена?

Денес е вторник, 23 август 2016 година, 236-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:45, а ќе зајде во 19:24 часот. Денот ќе трае 13 часа и 39 минути.

Ова утро во Македонија имаме умерено облачно време кое што е проследено со засилен северозападен и североисточен ветер. Понекаде во Пелагонискиот и Преспанскиот регион можни се и локални врнежи од дожд.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес есенски ден. Ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо. Услови за локални врнежи од дожд и грмотевици се очекуваат во југозападните како и во крајните источни и североисточни предели. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер, кој понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 10 до 19 степени, додека пак максималните температури ќе бележат големо опаѓање и ќе се движат од 18 до 27 степени. УВ индекс 2.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и посвежо време. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 24 степени. УВ индекс 2.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и потопло време. Попладне во југозападните, југоисточните како и во североисточните предели нестабилно со услови за локални врнежи од дожд. Максималните температури од 23 до 32 степени. Во четврток претежно сончево со локална облачност и потопло време со максимнални температури од 25 до 34 степени. Во петок, сабота и недела по свежите утра, во текот на денот сончево и топло со пораст на температурите. Во петок од 25 до 34, сабота од 26 до 35 и во недела од 27 до 36 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот