X
 03.08.2016 Култура

Неверојатни факти за Аушвиц: 1.1 милион луѓе починале во текот на 4 годишното постоење на Аушвиц

ausvic

 

Повеќе луѓе починале во Аушвиц отколку американските и британските жртви во Втората светска војна.


1 од 6 Евреи убиени во Холокаустот починале во Аушвиц.

1.1 милион луѓе починале во текот на 4 годишното постоење на Аушвиц.

Аушвиц првично бил создаден за полските политички затвореници кои започнале да пристигнуваат во мај 1940 година.

144 затвореници успешно избегале од Аушвиц.

Покрај Евреите, другите луѓе депортирани во Аушвиц биле 150.000 Полјаци, 23.000 Романци и Синти, 15.000 советски војници и 400 Јеховини сведоци.

Полскиот војник Витолд Пилецки, доброволно се пријавил да биде затворен во Аушвиц со цел да собере информации, да избегат и да му каже на светот за Холокаустот.

 

rudolf


Командантот на кампот Аушвиц, Рудолф Хос, бил уапсен во 1946 година, осуден на смртна казна и обесен во кампот.

Околу 60 милиони рајхсмарки, еквивалент на 125 милиони фунти, биле генерирани за нацистичката држава од робовите во Аушвиц за време на Холокаустот.

За време на Холокаустот, една Евројка предала 3.000 Евреи кои се криеле на Гестапо за да го спаси своето семејство. Дури и откако Нацистите ги испратиле нејзините родители и сопруг во Аушвиц во 1943 година, таа продолжила да работи за нив се' до 1945 година.

Од вкупно 7.000 вработени во Аушвиц, само 750 биле казнети.

„Научните“ експерименти на Џозеф Менгеле во Аушвиц често вклучувале истражувања за близнаците. Ако починел еден близнак, тој веднаш го убивал и другиот и спроведувал компаративни аутопсии.

Главниот камп во Аушвиц бил како мало гратче, со сопствена кантина за персоналот, кино, театар и продавница.

 

2


Полската бабица Станислава Лесцузинска помогнала во пораѓањето на 3.000 бебиња во Аушвиц.

Антони Доброволски, најстариот познат преживеан од Аушвиц, починал на 108 години на 21 октомври 2012 година во Полска.

Во Аушвиц, стражар се заљубил во еврејска затвореничка. Тој ѝ го имал спасено животот неколку пати, а таа сведочела во негова корист за време на судењата после војната.

Компанијата која го создала „Zyklon B“, гасот кој се користел за да се убијат милиони Евреи во Холокаустот, се'уште постои.

За време на Холокаустот, еврејскиот боксер Саламо Ароуч бил затворен во Аушвиц. Тој бил приморан да се тепа против неговите другари затвореници; оние кои ќе изгубеле биле испраќани во гасните комори или застрелани. 200 борби подоцна, кампот бил ослободен.

„Bayer“, познат по производството на аспирин, купувал затвореници од Аушвиц и ги користел како предмети врз кои експериментирал и тестирал нова дрога.

На 21 јули 1944 година, затвореникот Јержи Биелецки, облечен во нацистичка униформа со лажна пропусница, успеал да излезе од Аушвиц заедно со неговата еврејска девојка. И двајцата ја преживеале војната.

За време на бунт во концентрациониот камп Аушвиц, бил прободен Нацист, а потоа жив изгорен во крематориумската печка.

 

3


Ото Франк, таткото на Ана Франк го преживеал Аушвиц и починал во 1980 година од рак на белите дробови.

Откако Аушвиц станал музеј во 1947 година, ексхумацијата траела повеќе од една деценија. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура