X
 31.08.2016 Култура

Мапа на Европа според бројот на Нобеловци - колку Нобеловци потекнуваат од Македонија?

Картографот и блогер Јакуб Маријан создаде нови мапи кои го покажуваат бројот на Нобеловци по глава на жител во Европа.

 

1


На првата карта, која дава увид во бројот на добитниците на Нобелова награда на 10 милиони жители, Швајцарија е земјата со најмногу лауреат (32.2) по жител, меѓутоа Велика Британија има највисок вистински број на добитници (106).

Маријан објаснува дека неговата мапа е направена врз основа на податоците од Википедија, со мали промени. Тој се фокусирал на земјата каде Нобеловците работеле како и земјата со која имале најсилна врска. Така на пример, Мајка Тереза ја освои Нобеловата награда за мир во 1979 година како граѓанин на Индија, меѓутоа родена е во Македонија.


Еден Нобеловец може да се смета во неколку земји ако тој/таа имал вистинска поврзаност со повеќе од една земја. Луѓето кои се родени со одредена земја без да имаат друга поврзаност со неа, не се вклучени во нивниот број“, објаснува Маријан.

Во случај да не сте задоволни со оваа мапа, Маријан создаде и друга верзија во која е вклучено местото на раѓање на Нобеловецот. Главната разлика е тоа што Швајцарија на врвот е заменета со Луксембург која од 0 Нобеловци по глава на жител, сега има 36.8. Британските поени добиваат плус 18.4 и дополнително 12 Нобеловци.

 

2


Маријан обезбедува и податоци за Нобеловците надвор од Европа, не вклучувајќи го местото на раѓање:

Америка: 11.2 по глава на жител (вкупно 356)
Јапонија: 1.9 по глава на жител (вкупно 24)
Индија: 0.09 по глава на жител (вкупно 11)
Кина: 0.09 по жител (вкупно 12)
Бразил: 0.05 по жител (вкупно 1)
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура