X
 02.11.2021 Образование

Најевтините универзитети за студирање во Европа

Студирањето во друга земја може да изгледа недостижно поради финансиите. Но има универзитети во Европа на кои може да студирате бесплатно или речиси бесплатно.

„Скуола нормале супериоре“ (Scuola Normale Superiore)

Станува збор за факултет во Италија кој има програми во областите на општествените науки, науката и политичките науки. Студирањето на овој универзитет е бесплатно за странски студенти, а може да се добијат и стипендии за трошоци за живот и сместување.

„Санта Ана“ (Sant'Anna)

Факултетот се наоѓа во Пиза и нуди програми по експериментални и применети науки и социјални науки. Студирањето е бесплатно, а факултетот доделува и бесплатно сместување.

Бесплатен универзитет во Берлин (Freie Universitat Berlin)

Студирањето на овој универзитет е бесплатно, но студентите ги покриваат трошоците за живот и сместување во Берлин.


Фото: Берлин/Pixabay

Универзитет во Гетинген, Германија

Студентите плаќаат административни трошоци од околу 300 евра за семестар на овој универзитет, а треба да ги покријат и трошоците за живот.

„РВТХ универзитет Ахен“ (RWTH Aachen University)

Универзитетот се специјализира во архитектура, георесурси и материјални науки, а сите програми се на германски јазик. Студентите плаќаат околу 260 евра за семестар, а треба да ги покријат и трошоците за живот.

Универзитет во Нант, Франција (Université de Nantes)

На овој универзитет студентите плаќаат партиципација од 184 евра по семестар. Трошоците за живот се проценуваат на околу 600 евра месечно. Универзитетот нуди и програми на англиски јазик.

Универзитет во Париз-Југ (Université Paris-Sud)

Студентите на овој универзитет плаќаат партиципација од околу 170 евра за семестар. На универзитетот се нудат и програми на англиски јазик.


Фото: Париз/Pixabay

Универзитет во Крит

Јавните универзитети во Грција се бесплатни за жителите на ЕУ, а овој универзитет не наплаќа партиципација ни за другите странски студенти. Програмите се на грчки јазик.

Универзитет во Вирцбург, Германија

На овој универзитет се нудат програми на германски јазик. Партиципацијата чини околу 130 евра за семестар.

Извор: Go Abroad
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование