X
 04.09.2016 Образование

На прагот на новата учебна година: домашните задачи се семеен приоритет

Добрата страна е што децата ќе бидат окупирани со своите обврски, а од друга страна е предизвикот навистина да ги исполнуваат своите задачи по долгото лето.

дете и родител


Децата што добиваат помош околу училишните задачи се поуспешни на училиште, а тоа значи и дека ќе бидат поуспешни во животот воопшто. Родителот има за задача да направи домашните работи да бидат семеен приоритет. Еве неколку совети како да го поддржите детето поефективно да ги извршува задачите:

- Домашните работи се важни за учење затоа што со нив се повторува материјалот. Тие исто така помагаат да се научи процесот на учење. За да се извршуваат овие задачи успешно потребно е да се води календар, да се запишува, да се има материјал за работа, временски да се организира денот на детето и да се испланира следниот училишен ден.

- Како родител потребно е да се посветите на овој сегмент од школувањето на детето. Вашите искуства како ученик искористете ги да му дадете мудри совети и соодветна помош на новиот ученик.

- Создавањето рутини и навики за овие задачи му оди во прилог на детето. Во зависност од потребите на детето прилаготете го времето за „рутината“. Некои деца подобро работат навечер, некои на пладне, а некои наутро. Какво е вашето дете?

- Бидете пример затоа што децата така учат најдобро. Усогласете ги задачите на возрасните со неговите домашни задачи. Секако обидете се бидат од слична природа и да се работи во мирна атмосфера.

- Не го потсетувајте само вербално дека треба да напише домашна задача. Покажете на дело дека треба да седне и да почне да учи или пишува.

- Помогнете во организацијата со тоа што ќе се направи селекција каде му е потребна повеќе помош, што сака да заврши најпрво, а што за најкратко време. Половина од домашната задача е да се научат и другите аспекти на задачата.

- Помагајте, но не делувајте наместо него. Потребно е да му дадете насоки, можеби нешто да му објасните детално, но тоа се сепак негови задачи и треба да се учи самостојно да ги работи.

- Прашувајте го, но не го критикувајте. Нема ништо пообесхрабрувачко од критиката за едно дете. Споделувајте информации, разговарајте, нека знаат дека сте горди на нив и кога се успешни и кога не се. Но, не критикувајте.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование