X
 20.01.2019 Наука

Некои работи се навистина безвременски: Стара египетска домашна задача од пред 1800 години

Секоја генерација на ученици без сомнение најпрво претпоставува дека домашната задача е историски различна форма на казна. Но, се чини дека можете да се вратите изненадувачки далеку во историјата и да најдете примери на домашна работа уште од древен Египет, чија домашна задача наскоро ќе биде прикажана на британската изложба „Writing:Making Your Mark“ што ќе биде отворена оваа пролет.

-Започнувајќи со потеклото на пишувањето во Египет, Месопотамија, Кина и Америка, изложбата ќе истражува многу манифестации, цели и форми на пишување, демонстрирајќи како пишувањето постојано овозможувало човечки напредок и ја доведувало во прашање улогата што ја игра во денешниот дигитален свет - се вели во соопштението на британската библиотека.

-Од древна восочна табла што ја содржи домашната задача на ученикот, кој се борел да ги научи грчките букви, до кинески машини од 70-тите, изложбата ќе прикаже повеќе од 30 различни системи за пишување за да го открие секој оставен печат - било на хартија, било на екран. Ова е продолжение на приказната стара 5.000 години и е чекор кон та како пишувањето ќе се користи во иднина.

Восочната табла, сочувана од 2 век од новата ера, има грчки зборови опишани како „познати на секое дете чии родители се грижат да не западне со лоши луѓе: „Треба да прифатиш совет само од мудар човек“ и „Не можеш да им веруваш на сите твои пријатели“. На таблата е зачувана дводелна лекција на грчки јазик што дава слика за секојдневниот живот на ученикот кој посетувал основно училиште во Египет пред околу 1.800 години.

Но, зошто грчки јазик?

-Во 2 век од новата ера, кога лекцијата била напишана, Египет бил под власт на Рим речиси 200 години после кои следувале 300 години грчка и македонска власт под династијата Птоломеј. Од образованите лица во римскиот свет се очекувало да знаат латински, грчки и локални и регионални јазици - во зависност од тоа каде живееле. Било нешто слично со денешната ситуација со ангилскиот јазик, што стана услов за образованите луѓе во разни култури и предмет што особено го мразеле голем број ученици оптоварени со домашна работа низ целиот свет.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука