X
 14.09.2016 Култура

Зошто рекламите во метрото во Лондон се заменуваат со слики од мачки?

Инспиративна група љубители на мачки собрале доволно пари за да си го остварат сонот и да ја декорираат цела подземна железница со слики од мачки.

мачки


Службата од граѓани за преземање на рекламирањата (анг. Citizens Advertising Takeover Service, CATS) започнала кампања за собирање на средства за да ги замени стандардните реклами за нови протеински шејкови и апликации со слики од мачки. Сега повеќе од 60 слики  ја се прикажуваат во метрото во Лондон.

Првичниот план бил да се постават убави фотографии од мачки. Но, потоа граѓаните се одлучиле да постават фотографии од животни на кои им е потребен дом од најголемото прифатилиште за згрижување на животни.

Зошто иницијаторите се одлучиле на ваков чекор?

Сметале дека тоа би изгледало одлично и дека е истоштувачки да бидеме постојано опкружени со реклами кои бараат од нас да купуваме најразлични производи. Идејата им е дека светот би бил подобар за живеење ако јавните места прават да се чувствуваме добро. Тие потенцираат дека фотографиите не се ниту скриена кампања за храна за животни. Луѓето што работа на целокупниот проект се волонтери што сакаат да ги инспирираат другите дека имаат моќ да го променат светот.

мачиња

Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура