X
 25.07.2019 Наука

Кога станува збор за кучињата и мачките, кој е попаметен?

Уште откако човештвото се подели на луѓе што сакаат кучиња и луѓе што сакаат мачки, постои дискусијата за тоа кој од овие два вида е попаметен.

Истражување од 2017 година може да го даде последниот збор во врска со ова прашање. За оние кои сметаат дека повеќе неврони значат повеќе интелигенција, тогаш кучињата се оние кои се издвојуваат поради нивниот извонредно густ церебрален кортекс.

Меѓународен тим на истражувачи ги анализираше збрчканите надворешни слоеви на мозокот на различни месојадни животни - вклучувајќи ги кучињата и мачките, за да утврди дали барањата за ловење на плен значи повисок број на кортикални неврони, додавајќи сила на мозокот.

Од една страна, се чини дека е многу лесно - ловењето на плен бара посебно однесување што, можете да замислите, е невролошки напорно. Оние дополнителни мозочни клетки доаѓаат со цена, и не секој лов резултира со подигнување на енергијата.

За да се споредат мозоците на различни животински видови, не е доволно само да се измери нивната сива материја, бидејќи мора да се земат предвид релативната големина на организмот и мозокот. Дури и гледањето на големината на мозокот како сооднос, не може да се даде поголема слика кога станува збор за деталите на мозочната анатомија и интелигенција.

mace
Фото: Freepik

Од друга страна, се смета дека броењето на клетките ќе обезбеди подобар резултат за одредување на релативните количини на процесорска моќ.

- Верувам дека апсолутниот број на неврони што ги има едно животно, особено во церебралниот кортекс, го одредуваат богатството на нивната внатрешна ментална состојба и нивната способност да предвидат што ќе се случи во нивната средина врз основа на минатото искуство - вели неврологот Сузана Херкулано-Хоузел од Универзитетот Вандербилт во САД.

Минатите истражувања откриле дека мачките имаат околу 300 милиони неврони, додека кучињата 160 милиони неврони. Но, се чини дека малку избрзале со давањето на трофејот за повисока интелигенција на мачките.

Тимот анализирал осум различни животни што јадат месо, анализирајќи еден или два репрезентативни примероци од ласица, мунгос, ракун, мачка, куче, хиена, лав и кафеава мечка. Врз основа на нивните резултати, кучињата имале 530 милиони неврони, а мачките 250 милиони. Освен тоа, кучињата имале најмногу неврони од било кои месојадни животни, иако немале голем мозок.

Истражувачите поставиле хиптеза дека мозокот на карниворите треба да има повеќе неврони во нивниот церебрален кортекс отколку нивниот плен. Но, излегло дека не постои разлика.

Односот на невроните со големината на мозокот кај повеќето месојади е приближно еднаков со оној на тревопасните животни, што укажува на тоа дека на ловењето му е потребно исто ниво на мозочна моќ исто како бегањето.

Образецот се променил за поголемите месојади - поголемите месојадци, како што се кафеавите мечки, имале релативно помалку неврони во однос на нивната големина. Иако тие се десет пати поголеми од мачките, и двата вида на животни имале ист број на кортикални неврони.

- Јадењето месо во голема мера се смета за решавач на проблемите во однос на енергијата, но во ретроспектива, јасно е дека месојадците мора да наметнат деликатна рамнотежа меѓу тоа колку мозоко и тело може да си дозволи еден вид - вели Херкулано-Хоузел.

Да се биде поголем може да помогне кога станува збор за ловењето на храна, но тоа не значи дека треба да се биде попаметен. Размислувањето е тешка работа што не секогаш се исплаќа.

- Јас 100 отсто сум личност што сака кучиња. Нашие наоди значат дека кучињата имаат биолошка способност да прават многу посложени пофлексибилни работи со нивните животи отколку мачите - вели Херкулано.

Се разбира, способноста не значи интелигенција. Мачките се потешки за проучување - не затоа што се глупави, туку затоа што едноставно не се грижат за нашата наука.

Но, она што е интересно да знаете е дека ракуните се прилично интересни суштества. Иако се блиску со мачките во однос на големината, сепак тие имаат сличен број на неврони колку кучињата.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука