X
 21.09.2016 Култура

Градот на седум брегови што не е Рим, а е постар од него


Во 1755 година,  градот настрадал во страшен земјотрес. Некои податоци говорат дека загинале над сто илјади луѓе...


Трамвај во Лисабон

Главниот град на Португалија е популарна туристичка дестинација, а со оглед на неговата убавина, историја и архитектура, тоа и не е за чудење. Лисабон се смета за еден од најстарите европски градови. Еве неколку факти што треба да ги знаете за овој туристички бисер:

1.    Лисабон е постар град од Рим! И тоа дури за 4 векови. Всушност, после Атина е најстар главен град на некоја европска држава, а се верува дека го основале Феникијците 1200 години пред новата ера.

Тераса во Лисабон

2.    Мостот Васко де Гама е најдолгиот мост на европскиот континент со своите  17 километри. За време на прослави се поставува маса на која можат да се услужат 15.000 луѓе.

3.    Симбол на градот е гавранот. Според легендата, два гаврани  го следеле заштитникот на градот, Свети Винсент, на неговото патување до Лисабон.

4.    Како Рим, и Лисабон е изграден на 7 брегови, така што е познат и како Cidade das sete Colinas или во превод – град  на седум брегови.

Плоштад во Лисабон

5.    Црквата на Света Енграција во Лисабон се наоѓа во Гинисовата книга како црква што најдолго се градела. Имено, изградбата започнала во 17 век, а завршила во 1966 година.

6.    Во Лисабон многу нешта се посветуваат на уличната уметност,  така што на секој чекор можете да видите нешто интересно.  Дури постои можност да  резервирате тура за разгледување на графитите.

Фонтана во Лисабон

7.    Во 1755 година градот настрадал во страшен земјотрес. Некои бројки говорат дека имало 100.000  жртви, а самиот потрес предизвикал и пожар  кој дополнително го уништил градот.

8.    Во Лисабон е задолжителна и посетата на аквариумот, кој со своите осум илјади разни видови е еден од најголемите во светот.

9.    Првиот град надвор од Обединетото Кралство и Ирска каде можете да го вкусите култното пиво  Giunness е Лисабон, кој се увезува од 1811 година.

10.    Во едно од најпознатите и најстари кафулиња во Лисабон, „Martinho da Arcada“,  две маси секогаш се чуваат  празни и резервирани. Масите се чуваат за  Фернандо Песоа (најверојатно најпознатиот португалски писател)  и нобеловецот Жозе Сарамаго, кои иако не се меѓу живите, сè уште имаат загарантирано  место  во ова кафуле.

Лисабон
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура