X
 21.04.2024 Култура

Кој град има најмногу музеи во светот? За да ги видите сите, треба да пешачите со месеци

Улици, плоштади, цркви, интересни градби, паркови... Многумина ќе ја додадат посетата на музејот на оваа листа со знаменитости кои се задолжителни за туристичко разгледување.

Музеите и галериите се места во кои се чуваат вредни уметнички дела, историски предмети и документи кои се сведоци за едни други времиња.

Но, дали некогаш сте се запрашале кој град има најмногу музеи во светот? Без конкуренција станува збор за Париз. Додека многу туристички веб-страници велат дека во Париз има повеќе од 140 музеи, кога ќе се додадат и помалите галерии, бројот се зголемува на неверојатни 297 изложбени простори.

Во Париз се наоѓа најголемиот и најпосетен музеј во светот


„Лувр“ е најпосетуваниот музеј во светот, кој само минатата година го посетиле 7,8 милиони луѓе. Сместен во поранешната кралска палата, Луј XIV некогаш одел по нејзините ходници, а денес е дом на една од најпознатите слики во светот - „Мона Лиза“. Неговата површина е неверојатни 60.600 квадратни метри, а бројот на експонати се искачува на неверојатни 550.000. Од тоа само мал дел е изложен на јавноста - 35.000.

Според процените, во музејот се наоѓаат околу 7.500 слики, а речиси 70 отсто од нив се слики на француски уметници. Некои пресметале дека ќе ви требаат околу 200 дена за да ги видите сите изложени уметнички дела ако посветите 30 секунди на секое од нив!

Вториот најпосетен музеј е „Орсе“, а популарен е и центарот Помпиду


Секако, има и голем број други музеи кои им го привлекуваат вниманието на туристите. На пример, центар Помпиду. Отворен е во 1977 година и неговиот дизајн во кој доминираат цевки и стакло беше контроверзен, но сега е во фокусот на парискиот „свет на современата уметност“. Во него се наоѓа огромна уметничка колекција од 100.000 дела кои датираат од 1905 година. Во основа има сè, од Пикасо до модерни видеоинсталации.

Вреди да се спомене и музејот „Орсе“, вториот најпосетуван музеј во Париз, изграден на местото на стара железничка станица од крајот на 19 век и е светски познат по најголемата колекција на ремек-дела на импресионизмот и постимпресионизмот.

По Париз, Москва е град со најмногу музеи

По Париз, Москва е град со најмногу музеи. Во овој град има 261 музеј. На трето место е Лос Анџелес, на четврто Сеул, а на петто Лондон.

Извор: Putnikofer.hr
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура