X
 02.10.2016 Наука

Мал генијалец со свои теории за универзумот, рамо до рамо со светски-познатите научници

Вилијам Маилис од Пенсилванија има 9 години и како и многу негови врсници, сака видео игри, шеги и дружби со другарчињата. Но, во едно нешто се разликува - наместо основно училиште, тој посетува колеџ.

мал гениј


Средното училиште го завршил во мај, а континуирано работи и на развивање на свои теории за создавањето на универзумот. Сега посетува настава на општинскиот колеџ во округот Алегени, а од следната есен планира да се запише на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург. За магазинот People малиот генијалец изјавил дека веќе навикнал да биде најмладиот меѓу студентите.

Тој планира да изучува физика и хемија на просторот, а понатаму да добие докторска и титула. Дискусиите за „преместување на просторот и времето“ и „чиста гравитација“ за него се нормални, а лесно може да објасни и зошто црните дупки не се „супер масивни“ – нешто што е теоретизирано од Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг. Неговата главна цел е да докаже дека надворешна сила би можела да биде причина за формирање на космосот:

„Сакам да им докажам на сите дека Бог постои,“ вели Вилијам. Погледнете го видеото за овој мал гениј:

Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука