X
 28.03.2018 Наука

Лути научници се обединија да негираат една теорија за универзумот

Научниците сакаат здрава дебата. Ви требаат критики за да ги зајакнете вашите идеи и кога дебатата е направена на вистински начин, двете страни си заминуваат знаејќи повеќе отколку кога почнале. Но, постојат некои работи што ги нервираат научниците. Едно од тие нешта е кажувањето дека нивната научна теорија не е научна. Тоа е она што тројца физичари го направиja во статија од 2017 година објавена во „Сајентифик Американ“, во која се вели дека идејата за универзум кој се шири едноставно не може да се провери. Дали има одговор од други физичари? Тоа сѐ уште трае.


Фото: Curiosity

Инфлациониот модел на универзумот вели дека сите нешта почнале како мала квантна честичка која експлодирала, се проширувала и прераснала во планети, ѕвезди и галаксии во универзумот кој го знаеме денес - универзумот кој сѐ уште се шири. Во една статија од февруари 2017 под наслов „Поп оди во универзумот“, космологот Пол Штајнхарт од „Принстон“,  физичарот Ана Иџас од „Принстон“ и астрономот Ави Лоуб од „Харвард“ почнаа со демонтирање на оваа идеја, потсетувајќи на прес-конференцијата од 2013 година која Европската вселенска агенција ја одржа за да најави дека сателитот Планк ја мапирал радијацијата на космичкото заднинско зрачење (CMB).

- Главната порака на прес-конференцијата беше дека податоците на Планк совршено се поклопуваат со предвидувањата на наједноставните инфлациони модели, зајакнувајќи го впечатокот дека теоријата е цврсто воспоставена. Се чинеше дека книгата за космологијата е затворена - посочи тимот.

Триото побара да се разликува со заклучокот на таа прес-конференција и напиша долг напис истакнувајќи ги ограничувањата и проблемите со сегашните модели на инфлација. Меѓу нив се дека шемите што се гледаат во CMB не се објаснуваат само со инфлација, а идејата за „мултиверзум“ значи дека инфлацијата само го предвидува секој можен исход наместо физиката на нашиот универзум. И дека инфлационата космологија, како што во моментов ја разбираме, не може да се оцени со употреба на научен метод. Со други зборови, тоа не е наука.

- Тие навистина обвинија дека инфлаторната заедница сфаќа дека теоријата не може да се провери. Овие зборови ме налутија - изјави Алан Гут, архитект на инфлацијата.

Гут и Андреј Линде од „Стенфорд“ (двајца поранешни колеги на Пол Штајнхарт) заедно со космолозите Дејвид Кајзер и Јасунори Номура напишаа отворено писмо како одговор. Но тоа не беше доволно. Тие, исто така, го испратија до врвните физичари во светот, собирајќи потписи од 29 други експерти од областа, меѓу кои Стивен Хокинг, четворица добитници на Нобелова награда и главни истражувачи за некои од највпечатливите експерименти за теоријата за инфлација.

- Инфлацијата не е единствена теорија, туку класа модели засновани на слични принципи. Секако, никој не верува дека сите овие модели се точни, така што релевантното прашање е дали постои барем еден модел на инфлација кој точно ги опишува мерливите својства на нашиот универзум - напишаа тие.

Зборувајќи за експерименти, авторите набројаа неколку што успешно го предвидеа моделот на инфлација - потоа фрлија бомба.

-Значи, ако инфлацијата не може да се тестира, како што IS&L сакаат да веруваме, зошто имало толку многу тестови за тоа и со извонреден успех - прашаа тие.



На крајот, тие јасно ставаат до знаење дека придржувањето на науката кон инфлацијата не е слепа верба. Тоа е долг, бавен период на откривање и ние сè уште сме некаде во средината.

- Никој не тврди дека инфлацијата стана сигурна, научните теории не се докажуваат како математичките теореми, но со текот на времето успешните сѐ подобро се утврдуваат со подобрени експериментални тестови и теоретски напредоци. Тоа се случи со инфлацијата - истакнаа тие.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука