X
 11.10.2016 Живот

Неуромедика ја освои престижната награда „Најдобра Регионална Болница и Менаџер на Годината“

На Форумот за Врвен Квалитет и Менаџмент кој се одржа на 07.10.2016 во Кан, Франција Neuromedica ја доби наградата за Најдобра Регионална Болница и наградата Менаџер на Годината.



Во конкуренција на врвни светски медицински институции Neuromedica беше селектирана за Најдобра Регионална Болница, а Директорот на Neuromedica Д-р Емил Угриновски ја доби наградата Менаџер на Годината.

Свечениот настан се одржа во монденскиот Кан во Intercontinental Carlton Hotel на кој со големи почести организаторот ги додели наградите на Директорот Д-р Емил Угриновски. На Форумот Neuromedica ги презентираше своите достигнувања, успеси, клиниките, современата медицинска опрема, персоналот и најновиот проект новата Болница Неуромедика во Скопје која треба да започне со работа до крајот на оваа година.

Ова за Neuromedica во своите речиси 25 години постоење како прв приватен медицински бренд во Македонија е огромен достиг и најголема професионална сатисфакција и мотив за да се остане на патот кон континуираниот раст и развој. Овие награди се само потврда на вложениот труд и целосната посветеност на воведување на врвно здравство во земјата и регионот кое се темели на непрекинатото инвестирање и унапредување на медицинската инфраструктура и непоштедното залагање на целиот персонал во Neuromedica.

Директорот Д-р Емил Угриновски со презентација и говор им ја претстави целосната слика за Neuromedica и се она што значи Neuromedica во регионот на Балканот која како здравствен бренд веќе долги години е лидер во областа на најсовремената дијагностика и примарната и секундарната здравствена заштита во Македонија која е главна дејност и во она што се најдобри. Значајна беше бројка од над 148.000 пациенти во 2015 година која за една мала држава како нашата е огромна за една приватна здравствена институција.

Форумот е во организација на Сократ – Комитетот за Номинации и Европската Медицинска Асоцијација кои делуваат при престижната организација Europe Business Assembly од Оксфорд, Англија. Наградите за Најдобра Регионална Болница и Менаџер на Годината  биле основни 2000-та година за да ги промовираат најдобрите регионални медицински институции и нивните лидери од целиот свет, за да можат лесно преку овој настан-форум да ги промовираат своите услуги и програми во медицинските, научните и бизнис круговите. Номинациите за оваа престижна награда се темелат на повеќе критериуми кои медицинската институција треба да ги исполнува, а тоа се:

• Целокупните перформанси на клиниката
•  Мултидисциплинарност во медицинските услуги
• Национална и меѓународна акредитација и сертификација
• Широка истражувачката база
• Професионалност, континуирана едукација и менаџерски вештини на персоналот
• Учество на меѓународни и локални програми за здравствена заштита
• Фокусот кон пациентите
• Безбедност во процесите на медицинските третмани

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот