X
 16.01.2015 Наука

Награда од милион долари за научникот кој ќе пронајде лек за ...

Џун Јун, инвеститор од Силиконската долина нуди милион долари парична награда за научникот кој ќе може „да го пробие кодот на животот“ со цел да се зголеми животниот век на човекот. Ова е најновиот растечки тренд на добро финансирани напори за лекување на стареењето.

 

stareenje


Наградата наречена „Palo Alto Longevity Prize“, беше лансирана во септември минатата година. Половина од милионот ќе му биде доделен на тимот на истражувачи кои можат да го продолжат животниот век за 50% кај животните, додека другата половина ќе ја добие тимот кој ќе успее да покаже дека ќе може да го врати хомеостатичкиот капацитет (преку користење на варијабилноста на отчукувања на срцето како сурогат мерка) на цицач на млада возраст.

Наградата се приклучува на другите неодамнешни напори кои се насочени кон борба против стареењето, вклучувајќи го и „Google Calico“ и „Human Longevity“ на биотехнологот Крег Вентер. 

 

награда

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука