Денес е петок, 28 октомври 2016 година, 302-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 06:56, а ќе зајде во 17:37 часот. Денот ќе трае 10 часа и 41
минута.
Под влијание на Медитеранскиот циклон слабите врнежи од дожд кои во
текот на ноќта ги имавме насекаде во Македонија, продолжуват и во раните
утрински часови, иако во поголем дел веќе и ќе престануваат.
МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во раните утрински часови нестабилно време со
врнежи од дожд кои постепено ќе престануваат а на планините над 1400
метри се очекува и провејување на слаб снег. Во претпладневните часови
услови за врнежи од дожд ќе има во југозападните, јужните и
југоисточните предели, додека пак попладне се очекува да започне
процесот на разведрување и повеќе сончеви периоди прво во северните
предели. Ќе дува доумерен засилен североисточен и северозападен ветер.
Утринските температури од 3 до 11 степени, додека пак максималните
дневни ќе достигнат до 7 односно до 16 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје во раните утрински часови услови за слаби врнежи од
дожд кои постепено ќе престануваат. Претпладне претежно облачно и
ветровито време, а попладне намалување на облачноста и сончеви периоди.
Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од
9 степени, а максималната дневна до 14 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во сабота не очекува студено утро со утрински
температури од -3 до 6 степени, во текот на денот претежно сончево со
локална облачност и температури од 9 до 18 степени. Претежно сончево
време со појава на локална облачност не очекува и во недела и
понеделник, кога максималните температури ќе достигнат од 9 до 18
степени, односно од 8 до 17 степени. Во текот на ноќта понеделник кон
вторник постојат услови за слаби локални врнежи од дожд, а во вторник во
текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и дневни
температури од 6 до 15 степени.
Weather4all.com.mk