X
 20.05.2015 Живот

Какво време да очекуваме наредните денови?



Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Попладне развој на нестабилност со услови за слаби врнежи од дожд во западните, северозападните и источните предели. Слаб ветер со променлив правец. Минималните температури од 8 до 17 степени, а максималните ќе достигнат до 23 односно до 32 степени.

СКОПЈЕ

Во Скопје во среда претпладне ќе биде претежно сончево со локална обалчност, попладне нестабилно со услови за слаби локални врнежи од дожд и грмотевици. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 27 степени

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА

Во четврток претежно сончево, а услови за локални врнежи ќе има во северозападните, северните и североисточните предели. Дневните температури ќе се движат од 24 до 33 степени.

Во петок нестабилно со врнежи од дожд и посвежо со благ пад на дневните температури кои ќе се движат во интервал од 22 до 31 степени.

Во сабота и недела претежно сончево со локална облачност, но како што споменавме, оваа информација со доза на резерва бидејки постојат услови за нова дестабилизација.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот