X
 02.11.2016 Образование

Неколку совети што ќе им бидат од голема корист на родителите на првачиња

Родителите на првачињата треба да знаат неколку работи кои ќе им го олеснат овој напорен период и за нив и за децата.

Првачиња

Првенствено треба да знаат дека не смеат да им ги исполнуваат школските обврски и да им ги работат домашните задачи на децата. Пожелно е неколкупати на почеток да им покажат како да ги спакуваат книгите и школскиот прибор според распоредот на часовите за тековниот ден, за подоцна децата да можат сами да го направат истото.

Целата е децата да се осамостојат и да стекнат работни навики. Родителите имаат задача да бидат покрај нив додека ја изработуваат домашната работа и да ги контролираат, а не да им ги пишуваат задачите. Штом ќе забележат некаква грешка, треба да го поттикнат детето неколкупати да ја провери својата работа, за самостојно истата да ја воочи, а не веднаш да му укажуваат каде згрешило.

Усвојувањето на позитивни работни навики најлесно се реализира преку план на активности кој мора да се почитува. Доаѓање од училиште навреме, мал одмор, па оброк и дури потоа треба детето да седне да учи и да ги изработи домашните задачи. Родителите мора да знаат дека децата на таа возраст не можат да учат повеќе од половина час без пауза и затоа доколку првачето за тоа време не може да заврши со училишните обврски, неопходно е да направи пауза во траење од еден до два часа.

Играта е исто така многу важна во таа возраст, затоа што преку играњето со врсниците, детето се социјализира, учи правила на однесување, а преку играњето со играчки ги учи формите, ја вежба моториката и ја развива креативноста.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование