X
 12.09.2015 Образование

ЛеБрон Џејмс во помош и на родителите кои сакаат да студираат

леброн

 

ЛеБрон Џејмс имаше доста импресивно лето, и тоа не на полето на кошарката.


Минатата недела, кошаркарот тивко најави уште едно академско партнерство кое ќе обезбеди поддршка за родителите на децата кои сакаат да добијат GED (General educational development), односно „општ образовен развој“.

ЛеБрон Џејмс во соработка со Универзитетот во Акрон минатиот месец овозможи четиригодишна стипендија за оние студенти кои ќе се квалификуваат во програмата „I PROMISE“ - партнерство кое би можело да им помогне на околу 2.300 деца.

Сега, Џејмс, во партнерство со организацијата „Project Learn, која е посветена на образованието за возрасни, обезбедуваат помош за родителите со деца. Партнерството ќе им овозможи менторство за добивање на „општ образовен развој“ на родителите кои ги запишале нивните деца во ЛеБрон Џејмс семејната фондација.

Програмата наречена „I PROMISE, Too“ ги покрива трошоците за тестирање и овозможува бесплатни автобуски билети и таблети како и дополнителни награди за добрата работа.

„Возбудени сме за програмата „PROMISE, too“ бидејќи е голем дел од работата на центрите за Фондација за вклучување на родителите“, вели Мишел Кемпбел, извршниот директор од семејната фондација „ЛеБрон Џејмс“.

„Ова е одлична можност да им помогнеме да родителите кои сакаат да имаат успешна академска кариера“, додава таа.

„Не можеме да стигнеме до студентите без поддршка од родителите, такашто оваа програма е значајна за нашите семејства и нивната иднина“, завршува Мишел Кембел.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование