Научниците од Универзитетот „Queensland“ во Австралија откриле како да го користат отровот на многу опасна сина корална змија со цел ублажување на болката кај луѓето, пишува
BBC.
Сината корална змија живее во југоисточна Азија, расте до речиси 2 километри во должина, а нејзините отровни жлезди се долги колку третина од нејзиното тело, што ги прави најголеми на светот. Змијата има специфичен изглед, црвена глава и црвена опашка, темносино тело на кое има една или две бели линии. Нејзината глава асоцира на опасност од отров, чија одлика е брзо убивање.
За разлика од другите отровни змии, нејзиниот
отров не содржи невротоксини, туку цитотоксини кои предизвикуваат пропаѓање на мускулните клетки.
Досега научниците ја истражувале потенцијалната медицинска употреба на отровот од неколку полжави и шкорпии, но бидејќи влекачите се еволуциски поблиски до човекот, тогаш лекот развиен од отровот на сината корална змија би можел да биде поуспешен, сметаат научниците.
Отровот на оваа змија ги напаѓа натриумските канали кои се клучни во пренесувањето на болката. Ова би можело да се насочи кон некаков лек кој би ја ублажил болката, барем според мислењата на научниците, кои и натаму го испитуваат отровот на овој вид змија.