X
 26.06.2019 Живот

Оваа земја најмногу им верува на науката, научниците и здравството

Според сеопфатниот извештај „Велком глобал монитор“, спроведен во 2018 година, малку земји се блиску до Данска кога станува збор за довербата во науката и во придобивките од истражувањата.

Извештајот открива дека 75 отсто од Данците се категоризирани како научни „ентузијасти“. На второ место се најдоа Финска и Исланд со 61 отсто.

- Ентузијастите се најголемата од сите четири групи во повеќето земји. Најмногубројни се во Данска, каде што опфаќаат речиси три четвртини од населението. Други земји со висок процент на „ентузијасти“ се Исланд, Финска, Саудиска Арабија и Кина - пишува во извештајот.

1
Фото: Eric Gaillard / Reuters

Извештајот, кој беше заснован на одговорите на анкетите од над 140.000 луѓе во повеќе од 140 земји, исто така покажа дека Данците (78 отсто од нив) веруваат дека науката им носи придобивки на повеќето луѓе во нивната земја.

Висока доверба во здравствениот систем

Исто така, Данска се рангира на високо место во смисла на познавање на науката - 75 отсто изјавиле дека знаат многу или нешто за науката, со што се најдоа на четврто место, зад САД, Туркменистан и Норвешка.

Освен тоа, Данска беше една од 19. земји каде што над 30 отсто од луѓето изјавиле дека имаат голема доверба во научниците. И довербата во докторите и во медицинските сестри во Данска е највисока во светот, со околу 97 отсто. Исто така, 90 отсто од Данците изјавиле дека имаат најголема доверба во здравствениот систем на нивната земја.

Друг интересен наод и доста релевантен со оглед на неодамнешната епидемија на сипаници во Европа е дека Франција има најголем процент (околу 30 отсто) на луѓе што не се согласуваат дека вакцините се безбедни.

Кога станува збор за нашата земја, 5 отсто изјавиле дека имаат голема доверба во научниците, 43 отсто имаат средна доверба, а 36 отсто имаат ниска доверба, додека 16 отсто немаат никакво мислење.

Целосниот извештај можете да го погледнете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот