X
 08.11.2016 Живот

Во пресрет на американските претседателски избори - што треба да знаеме?

Една од најмоќните држави во светот го избира својот нов претседател. Милион Американци ќе излезат да гласаат и да изберат наследник на Барак Обама.

 

1


Прретседателот на Америка не е само шеф на државата туку и шеф на владата и командант на најголемата војска во светот. Кога на тоа ќе го додадеме и светското влијание кое го има американскиот претседател, станува збор за прилично голема одговорност.

Но, како функционира процесот на избор на американски претседател? Би-би-си ви донесува неколку важни работи кои треба да ги знаеме во пресрет на изборите.

1. Кој може да биде претседател?


Технички гледано, кандидат за американски претседател може да биде секоја личност родена како американски државјанин, со полни 35 години. Скоро секој американски претседател од 1933 година па наваму бил гувернер, сенатор или на некоја од највисоките воени функции.

И за овие избори во еден момент имаше повеќе од 10 гувернери или бивши гувернери и сенатори кои беа потенцијални кандидати, меѓутоа голем дел од нив испаднаа од трката. Двете водечки партии, републиканците и демократите на крајот избираат по еден претседателски кандидат.

2. Како се избира претседател?

Постои таканаречен електорски состав. Од вкупно 538 електори, личноста која ќе биде претседател мора да освои најмалку 270. Но, немаат сите држави еднаков број на електори - да речеме Калифорнија има 10 пати повеќе од Конектикат, што се гледа во зависност од населението на сојузната држава. Кога граѓаните ќе излезат да гласаат тие всушност ќе гласаат за електор.

Постои уште една занимливост - кандидатот кој ќе освои повеќе гласови во една држава ги добива сите електори. На пример, Њујорк има 29 електори - ако Клинтон тука го добие поголемиот дел од гласовите на граѓаните, сите електори ќе ѝ припаднат неа. Ова правило е особено важно за таканаречените „swing states“ во кои е тешко да се предвиде кој кандидат ќе победи.

3. Како дошло до тоа кандидати да се Клинтон и Трамп?


Циклусот на предизбори кои се одржуваат во секоја сојузна држава започна веќе од февруари. На предизборите секоја партија гласа за некој од своите кандидати - оној кој ќе собере повеќе делегати добива официјална номинација од партијата. Кандидатите после тоа официјално се потврдуваат на големата конвенција која ја организира нивната партија.

Демократката Клинтон и републиканецот Трамп беа јасни победници во таборите на своите партии. Сега пак, тие се двајцата најнепопуларни кандидати за претседател во модерната американска историја. На партиските конвеции кандидатите исто та ги претставија своите потпретседатели: сенаторот Тим Кејн, а Трамп го избра Мајк Пенс.

4. Дали Клинтон и Трамп се единствени кандидати?


Не, тие не се единствените кои имаат реални шанси за победа на претседателската трка. Постојат уште двајца кандидати кои избирачите можат да ги заокружат. Тоа се Џил Стеин, кандидатката од партијата на зелените, 66 годишна доктора и активистка која според гласовите освојува 2% од гласовите. Се надева дека ќе ја изберат демократите кои го поддржуваа Берни Сандерс. Во трката е уште еден кандидат и тоа од Либертаријанската партија - поранешниот гувернер на Ново Мексико Гери Џонсон. Неговата поддршка скокна на 9%, а потоа падна на 5%.

Постои уште еден независен кандидат - Еван МекМулин, некогашен оперативец на ЦИА. Тој е претставник на поконзервативната популација, па таргет му се републиканците за кои Трамп е неприфатлив. Доколку еден кандидат успее да освои било која од сојузните држави, ќе биде навистина големо изненадување. Нешто такво не се случило уште од 1968 година.

5. Кои теми ја одбележаа кампњата?

Доналд Трамп во кампањата започна доста радикално, најавувајќи изградба на ѕид на границата на Америка со Мексико за да ја заштити државата од нелегални имигранти кои ги нарече „криминалци и силувачи“. Често пати неговата кампања беше исполнета со радикални изјави напаѓајќи ги новинарите, семејствата на загинатите муслимански војници, а се соочи и со низа обвинувања за сексуална злоупотреба. Исто така, повеќегодишното даночно затајување на Трамп се појави како тема на разговор и шпекулации. Трамп цели 18 години не платил милиони данок на доход.

Од друга страна Хилари Клинтон имаше неколку мрачни моменти во кампањата. На пример, неколку пати таа беше критикувана поради користење на приватниот меил за службени цели во време кога работела како државен секретар. Во јули, истрагата за нејзините меилови беше затворена, а на меилот не било пронајдено ништо спорно, тврдеше ФБИ. Меѓутоа, неодамна истрагата повторно беше отворено поради пронаоѓање на нови документи што беше голем удар за демократската партија. Истрагата повторно беше затворена и повторно не беше пронајдено ништо спорно.

6. Што предвидуваат анкетите?

Според анкетите на Би-Би-Си, Клинтон има минимална предност, од само 1% поени. Анкетата објавен во неделата на Клинтон ѝ дава 45%, а на Трамп 44%. Според повеќето објавени анкети во последните неколку дена Клинтон има предност.

7. Што знаеме за раното гласање?


Во Америка постои можност за рано гласање. Дел од граѓаните својот глас веќе го дале за некој од кандидатите, но нивните гласови се бројат откако ќе се затвори гласањето. Но, некои држави објавуваат податоци за тоа колку граѓани се одлучиле на ваков облик на гласање.

Треба да се напомене дека тоа што некои граѓани биле регистрирани како републиканци или демократи, не значи дека ти го дале својот глас за странката која ги претставува. Затоа Хилари и Доналд апелирале до другите странки да им ги дадат гласовите. Единствено што знаеме сигурно е дека далеку повеќе луѓе гласале порано на овие избори отколку во минатото. Во 2012 година вкупниот број на рани гласови бил 32 милиони.

8. Што всушност е „swing state“?


Станува збор за држави кои би можеле да се покажат како клучни за победа. Така, победник е оној кој ќе освои 270 електорски гласови, републиканците сметаат на Тексас, додека демократите се надеваат на Калифорнија. Другите држави кои се познати како „swing state“ се државите кои од избори до избори менуваат страна а тоа се Флорида, Охајо, Вирџинија, Колорадо и Невада.

Би-би-си пишува за 13 сојузни држави на кои се води најчеста битка помеѓу Клинтон и Трамп. Тоа се Џорџија, Ајова, Мичиген, Њу Хемпшир, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин. Според просекот од последните анкети, Хилари Клинтон води во 6, а Трамп во 7 од нив, но резултатите постојано се менуваат. Така, според неодамнешните податоци Клинтон водеше во Невада и Аризона.

9. Кога новиот претседател ќе започне да работи?

Ќе поминат неколку недели пред новиот претседател да започне да работи. После конечните резултати од изборите, новиот претседател ќе состави своја влада. Според американскиот устав, инаугурацијата е на 20 јануари наредната година. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот