X
 22.11.2016 Технологија

Нови пакети од Македонски Телеком - Двојно повеќе мобилен интернет, неограничени разговори и СМС

НОВАТА MAGENTA 1 – ПОДАРОК ОД СРЦЕ ЗА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО

-    Двојно повеќе мобилен интернет, неограничени разговори и СМС
-    Најстабилен фиксен интернет
-    Нови телевизиски содржини
-    Бесплатно користење на услугата MaxTV GO
-    25% попуст на месечниот надомест


Magenta 1 ги обединува најдобрите комуникациски и ТВ услуги, на едно место и за целото семејство. Во пресрет на Новогодишните празници, понудата е збогатена со нови содржини и попусти.



Новата Magenta 1 им нуди на корисниците збогатени и ексклузивни содржини на MaxTV преку вклучените телевизиски пакети: Cinemax, Sport, Extreme, Balkan и Tring, како и субербрз и стабилен фиксен интернет со зголемена количина на сообраќај. A постпејд линиите, покрај неограничените разговори и СМС пораки, вклучуваат двојно повеќе мобилен интернет со 4G брзина.
За уште поголемо уживање во празниците, корисниците на новата Magenta 1 ќе можат да гледаат и до 40 телевизиски канали во движење (на мобилен уред или таблет), бесплатно, преку услугата MaxTV GO.

Како и досега, секој корисник може сам да го направи својот пакет и да добие 25% попуст на месечната претплата за договор на 2 години. За најмладите членови на семејството, родителите ќе може да одберат COOL сим картичка за млади.

Флексибилноста на Magenta 1 отсега е достапна и за фиксните услуги. Корисниците ќе можат за прв пат да го состават својот пакет од фиксен интернет, говорни услуги и телевизија според своите потреби.  
Најновата празнична Magenta 1 е најдобриот подарок за целото семејство.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија