X
 22.02.2021 Живот

Колку често размислувате за вашата безбедност на интернет?

Колку често размислувате за вашата безбедност на интернет? Ова прашање е особено важно во време на забрзана дигитализација кога повеќето од нас ја преселија канцеларијата дома, децата учат во онлајн училници и сè повеќе комуницираме и се забавуваме на интернет. Во овие услови, ризикот од потенцијални закани во онлајн светот е сè поголем.
Помислете само на сите фотографии, документи и лични податоци коишто секојдневно поминуваат низ уредите во вашиот дом. Истовремено, иако нам ни се чини дека нашите деца се совршено безбедни во домот, блиску до нас, тие сепак се изложени на безброј закани.
Хакерите и штетниот софтвер (malware/spyware) не бираат дали податоците му припаѓаат на возрасен човек или дете – единственото  што им е важно е пристапот до нив.

Според психологот Фросина Денковa Зафировска, „интернетот донесе големи придобивки и ја олесни секојдневната комуникација и функционирањето на општеството како целина. Нашите деца се родени, живеат, растат и созреваат во дигиталното време. Наша задача како родители е да ги подучиме за развојот на дигиталните вештини и писменост, но исто така и да ги заштитиме од разни несоодветни содржини. Да им објасниме дека со кликнувањето на небезбеден линк можат да си наштетат и некој да ги злоупотреби нивните лични информации.
Децата, како идни „дигитални граѓани“, секојдневно ги слушаат ветувањата за беспрекорен дигитален свет каде што можат да комуницираат, да иновираат и да соработуваат на далеку попаметен и поодржлив начин. Но, тие ветувања ќе станат реалност само доколку децата постојано стекнуваат нови знаења и вештини и се обезбедени со потребната заштита и поддршка. Да поттикнеме кај нив критичко размислување и дигитални вештини за да го користат интернетот и дигиталните технологии продуктивно, одговорно и креативно. Не смееме да ја заборавиме важноста на образованието на децата, бидејќи едукацијата е клучот кога станува збор за опасностите на интернет“.

Но едукацијата на децата е само една страна од паричката. Многу лесно може да се случи детето или вие самите да кликнете на линк којшто на прв поглед ви изгледа сосема безопасно.

Александар Јончевски од Македонски Телеком ни посочи како едноставно да ја заштитиме нашата домашна мрежа.
„Кога зборуваме за заштитата на интернет, мислиме дека ни треба предзнаење или професионална помош, но не е така. Многу лесно можете да ја заштитите вашата домашна мрежа со SafeNet HOME, дополнителна услуга којашто ви нуди напредна интернет безбедност и автоматски ги блокира потенцијалните закани. Доколку ја имате оваа услуга, секоја веб страница што ја отворате вие или вашите деца ќе биде проверена, а вашата мрежа ќе биде заштитена од  малициозни содржини и интернет закани. Доколку страницата не е безбедна, пристапот веднаш се блокира. На вакви страници можете да наидете преку сурфање на интернет, отворање линк добиен преку е-пошта, реклама (банер) на некоја веб страница што ветува лесна заработка, линк до некоја бесплатна атрактивна игра, бесплатен пристап до содржини коишто обично се плаќаат или други придобивки. Сепак, колку и да внимавате можете да отворите некоја сомнителната страница зад која стојат закани како кражба на личните податоци, бришење или блокирање пристап до содржините на компјутерот, шпионирање на активностите преку уредот, кражба на идентитетот, пристап до несоодветни содржини и слично. Токму поради тоа многу е важно да имате соодветна заштита како што е SafeNet HOME.“

Во време кога сите сме навикнати опуштено да сурфаме на интернет, треба  да се запрашаме дали нашиот пристап до интернет е безбеден и што поскоро да преземеме соодветни мерки.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот