Од сега натаму ќе може да дознаете дали некоја продавница, улица или локал е преполн со клиенти уште пред да отидете самите и да се уверите во истото.
Најновата можност која ја нуди Google ќе ви покаже кога е најпогодно да се упатите на местото кое сакате да го посетите. Новата опција е додадена во Google Maps и е надоградена со информации во живо за тоа колку има метеж на улица, или колку некое место е полно со луѓе.
Опцијата користи анонимни податоци од локацијата на корисниците на Google, за да анализира колку има метеж на бараното место. Ова е навистина корисно особено за периодите кога во многу места има попусти, распродажби, или пак за празничните периоди кога локалите се преполни со луѓе. Може да се дознае каква е состојбата во моментот, за корисникот да одлучи дали воопшто да се упати кон истото, а да не губи од своето време.
Google Maps веќе има опција за следење на сообраќајот во јавниот транспорт. Google ито така, ги проширува информациите и во врска со времетраењето на престојот на луѓето на одредена локација, како и времето на работа на одредени продавници, локали или индивидуални бизниси.