X
 24.05.2019 Технологија

„Гугл“ воведува промени во пребарувањата на мобилен

„Гугл“ воведува промени во начинот на кој ќе ги прикажува резултатите од пребарувањето на интернет на мобилните уреди. Овие резултати наскоро ќе почнат со прикажување на иконата на веб-дестинацијата и име над насловот на одредени веб-страници за подобро да биде нагласен изворот на информации.

Новиот дизајн треба да биде достапен во наредните неколку дена. „Гугл“ вели дека дизајнот прво ќе дојде на мобилните телефони, а подоцна и на компјутерите.

Со ажурираниот дизајн пребарувањето на мобилните телефони почнува да изгледа повеќе како почетна страница страница со вести исполнета со постови од различни објавувачи на специфични теми. Потенцирањето на изворот на информации има смисла, особено кога станува збор за лажните извори на вести.

Исто така, „Гугл“ вели дека оваа промена во дизајнот е нешто што претставува отскочна штица за создавање побогати страници со резултати од пребарување. Освен тоа, дизајнот овозможува додавање повеќе копчиња и можности, со што резултатите од пребарувањето наскоро ќе бидат доста интерактивни.


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија