X
 02.12.2016 Здравје

Откриена прва масовна гробница на жртвите од чума надвор од Лондон


Откопан скелет

Тим од археолози открил прва масовна гробница на жртвите од смртоносната заразна болест што го преполовила бројот на населението во Англија во 14 век, соопштил Универзитетот Шефилд.

Скелети од 48 лица, вклучувајќи и 27 деца, биле пронајдени во болничкиот круг на манастирот во Торнтон, Линколншир, во западна Англија. Гробницата се наоѓа на поле каде со години паселе овци.

„Единствените досега пронајдени две гробници од големата чума, се наоѓаат во Лондон“, изјавил археологот, Хју Вилмонт, и додал дека пронаоѓањето на масовна гробница надвор од Лондон е големо откритие, бидејќи „покажува дека малите заедници имале проблем да се изборат со тоа зло“.

Од универзитетот било наведено дека се земени примероци од ДНК чии резултати потврдиле дека луѓето починале од чума што се појавила во Линколкншир во 1349 година.

„Црната смрт“ што претежно ја пренесувале стаорци, била една од најпогубните пандемии во историјата на човештвото што ја пустошеле Европа во 14 век. Бројот на настрадани се движел од 75 до 200 милиони луѓе, односно третина од тогашната европска популација.

Се проценува дека во тоа време во Англија, од бубонската чума, предизвикана од патогената бактерија yersinia pestis, умреле околу шест милиони луѓе.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје