X
 25.04.2015 Наука

Компјутерски модел за совршени дијагнози на видовите рак

Во последните години, истражувачите откриле дека збирот од болести познат како рак, всушност се стотици различни болести. Иако секоја од нив се манифестира малку различно од останатите, дијагнозата за видот на рак се добива многу тешко. Токму затоа имаме толку тешкотии со соочување со болеста. Докторите несвесно даваат погрешни дијагнози во некои случаи, што најчесто е фатално за пациентот.


Истражувачи од лабораторијата за компјутерски науки и вештачка интелигенција на Технолошкиот институт во Масачусетс соработуваат со доктори од главната болница во Масачусетс за да развијат компјутерски модел кој може да ги искористи податоците на пациентот и да предложи точна дијагноза. Првите планови за моделот биле објавени порано месецов.

Во првата итерација на моделот истражувачите се фокусирале на 3-те најчести видови рак на лимфните јазли, кои имаат 50 подвидови кои се тешки за препознавање. На пациентите им биле одредени карактеристики како број на заразени клетки или начин на кој лимфните клетки реагираат со антигени и други.

Компјутерскиот модел користел и поранешни извештаи на пациенти и успешно претставил слика од видовите резултати кои се карактеристични за одредени видови рак од другите. Моделот создал комплицирана слика за секој од пациентите и препорачал соодветни дијагнози за сите. Овој модел бил 10% поточен од сличните модели кои постојат.

Истражувачите продолжуваат со работа на компјутерскиот модел и најавуваат многу поточни дијагнози во блиска иднина.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука