X
 10.12.2016 Технологија

Развиен концепт за полициски мотори кои казните ги испраќаат преку апликации

Замислете супербрзи автономни мотори кои возат по автопатите 24/7, и делат казни за сообраќајните прекршоци преку мобилни апликации. Тие веќе постојат како дизајнерски предлог и се наречени „Interceptor“ и наскоро би можеле да станат реалност.

 

1


„Ова е природна еволуција на технологијата“, објаснува канадскиот инженер Чарлс Бомардиер. Неговата непрофитна организација „Imaginactive“ ги поттикнува луѓето да размислуваат и цртаат возила на иднината.

За своите сопствени идеи, Бомбардиер често се служи со веќе постоечките секојдневни работи. „Надзорните камери во сообраќајот со години се насекаде. Но со напредокот на бесплатната технологија, сега имаме нови решенија за потребите во областа на јавната безбедност“, вели тој.

 

2


Во текот на патролирањето, моторот ќе ги скенира регистарските таблички на возилата и ќе го сними прекршокот во реално време. Ако забележи прекршок, овој полициски дрон автоматски ќе издава казни и ќе ги испраќа по меил, СМС или преку традиционална пошта.

Технологијата веќе постои. Бомбардиер истакнува дека нејзиното користење значително би придонело за поголема сигурностт во градовите. Воведувањето на полициски дронови за надзор на сообраќајот би значело дека полицијата наместо со пишување на сообраќајни казни би можела да се занимава со многу посериозни нешта.

Бразилскиот дизајнер Едуардо Арндт претстави малку поразличен концепт на автономни мотори наречени „Brigade“. Тој вели дека инспирација пронашол во геометриската едноставност на тркачките мотори од 80-те години. „Како контраст на стариот изглед, додадени се модерни детали како LED светла и сигурносни камери“, објаснува Арндт.

 

3


Освен што изгледаат футуристички и доста интересно, моторите се возила со нулта емисија на штетни гасови. „Градовите во иднина ги замислуваме помалку азгадени. Освен тоа, во нив се случуваат значително помалку сообраќајни несреќи бидејќи автономните возила имаат вградена технологија која предупредува на технички дефекти како што е истекнување на нафта и слично. Претпоставувам дека на повеќето луѓе ќе им биде мило кога ќе видат како дроновите патролираат по улиците деноноќно“, вели Бомбардиер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија