X
 16.02.2018 Технологија

Специјалистите за криптовалути се најплатени во моментов

kripto

Специјалистите за криптовалути - од програмери до технички автори - моментално се најплатени нови квалификувани работници во Америка, вели „Апворк“, една од најпознатите веб-страници за фриленсери.

Секој квартал „Апворк“ ги мери новите вештини што се бараат, и тоа го прави нејзиниот индекс исклучително непостојан. Како што можете да забележите од табелата, нема преклопување помеѓу првите пет платени вештини во последното тримесечје и оние пред две години. Но една нишка што поминува низ тримесечниот индекс е „треската“ што моментално се случува - биткоин, мобилните апликации, вештачката интелигенција и визуализацијата.

kripto

Во прилог на вештините поврзани со криптовалутите, пазарот во последниот квартал најмногу им плати на оние со вештини во:

- „Амазон ДинамоДБ“ - програма за база на податоци што функционира со клауд услугата на „Амазон“;

- „Риект Нејтив“ - што може да направи мобилни апликации што функционираат и на ајфони и на андроиди;

- Роботиката генерално;

- „Гоу“ на „Гугл“, програмски јазик популарен меѓу девелоперите.

Како функционира: Индексот на „Апворк“ за вештини за работа го пресметува годишниот раст на сметките на хонорарците во категориите за вештини. Извршната директорка на „Апворк“, Стефани Касриел, вели дека целта е да се биде „канаринец во рудникот за јаглен“ за новите вештини поврзани со технолошкиот прекин.

Според истражување од минатата година спроведено од „Еделман интелиџенс“, 57 милиони Американци, или 36 отсто од работната сила, минатата година имале хонорарна работа.

Она што не го кажуваат: колку моменталниот пад во цената на биткоинот влијае врз побарувачката за работни места. Биткоинот

падна под 6.000 долари, што е намалување за 62 отсто од 19.666 долари во декември, и неговата цена иако сега се искачи до 10.000 долари, сепак варира.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија