X
 21.12.2016 Наука

Северниот Пол се топи - утрешните температури ќе се покачат за 10 степени

Санката на дедо Мраз можеби ќе има проблем со мразот по кој се движи оваа недела.


Северниот пол ќе се затопли за 10 степени целзиусови повеќе од нормално во текот на утрешниот ден. Втора година по ред во декември, температурите на Северниот пол ќе достигнат алармантно ниво.

Компјутерите го предвиделе ова, на само три дена пред католичкиот Божиќ. Температурите на Северниот пол ќе достигнат опасно ниво на топење над 0 степени целзиусови.

Топлотниот бран ќе се рашири на Арктикот заради бура кој ќе се одвива на истокот од Гренланд. Се прогнозира дека бурата ќе може да се вброи во категорија на три урагани, а нивото на морињата секако веќе го имаат достигнато максимумот.
Научниците веќе подолго време велат дека штетата која ја прави човекот ќе се манифестира во климата и ќе влијае на глобални промени и тврдат дека сега сега се случуваат. Според анализите, температурите на Северниот пол од 1900 година до сега се највисоки.

Научниците сметаат дека ова не е само проблем на Северниот пол, бидејќи ваквите промени се случуваат или ќе се случуваат и на други места во светот, туку ваквата состојба ќе се продлабочува во иднина.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука