X
 14.08.2020 Живот

Што би се случило кога светот би реагирал на климатските промени како што реагира на коронавирусот?

Коронавирусот толку го трансформира секојдневието, што ефектите уште сега се видливи од вселената. Во Кина, каде што стотици милиони луѓе беа ставени во карантин за да се спречи ширењето на вирусот, сателитските фотографии покажуваат дека загадувањето исчезнува кога работата застанува.

Во САД, како што бројот на случаи расте, компаниите бараат од вработените да работат од дома и ги откажуваат конференциите. Многу училишта престанаа со работа.

Промените беа изненадни, поттикнати од широкото признание дека станува збор за вонредна светска здравствена состојба. Шансите да се спречи уште една смртоносна болест станува постојан, нерешлив проблем.

Но, се поставува друго прашање: Што би било кога светот би одговорил на климатската криза со исто чувство на итност? Одговорот за вирусот можеби не беше толку брз колку што требаше да биде. Ако кинеската влада дејствуваше побрзо, вирусот можеби немаше да се прошири во другите земји.

А авторитарните мерки на кинеската влада не смееја и не можеа да се применуваат во големи делови од остатокот од светот. Сепак, во земјите низ светот владите и граѓаните брзо ги променија своите секојдневни навики. Но, ова не се случи кога станува збор за климатската криза.

- Видовме дека државите можат да реагираат, а луѓето да го променат своето однесување во краток рок - вели Меј Боеве, извршен директор за заштита на околината.

И токму климатското движење со години бара од владите и луѓето да се соочат со другиот вид закана (климатската криза), но моментално не се гледа никаква акција.

Од една страна, се гледа дека тоа е возможно, што е многу охрабрувачко и во тоа нема сомнеж. Но, како што вели Меј, се работи за тоа дали постои политичка волја за брзи промени.

Постои сличност помеѓу овие ситуации - во двата случаи научната заедница нуди јасно предупредување што треба да се направи. И едниот и другиот случај го вклучуваат глобалното здравје.

kriza
Фото: Pexels

Климатските промени веќе ги убиваат луѓето со екстремните топлотни бранови и други катастрофи; исто така го зголемуваат недостигот на храна и вода, што доведува до иселување на милиони луѓе.

Истите загадувачи што придонесуваат за климатските промени предизвикуваат и загадување на воздухот што секоја година убива милиони луѓе. Како и кај коронавирусот, и климатските промени најмногу влијаат врз луѓето што живеат во подрачја со најмалку ресурси.

- Климатските промени исто така влијаат и врз најранливите луѓе - вели Меј.

Ако светот реагираше на климатските промени како на коронавирусот - на ниво на итност за кое науката вели дека е неопходно, работите би биле драматично различни.

Владите би дошле до средства потребни за изградба на инфраструктура за целосно спроведување обновлива енергија. Би виделе итни пакет-мерки кои би ги тргнале луѓето од мрежата на фосилни горива. Во градовите би се менувале правилата за развој кои би барале изградба на ниско-јаглеродни конструкции. Фармите би се префрлиле на регенеративно земјоделство.

- Веројатно не би имале нафтена, јаглена и гасна индустрија. Ова се многу работи што би можеле да се случат бидејќи ние знаеме што треба и на кој начин треба да се направат. И тоа е неверојатната работа - вели Меј.

Многу градови и земји прогласија климатски вонредни ситуации. Некои дејствуваат побрзо од другите. Но, вкупната мобилизација е ништо во однос на одговорот кон коронавирусот. Делумно тоа е затоа што климатските промени изгледаат како некој проблем на иднината, и покрај сè поголемиот број катастрофи поврзани со климата што се случуваат секоја година.

Уште еден очигледен предизвик: во климатската криза моќните компании има што да изгубат, ако светот одлучно тргне да дејствува, додека во време на короната, иако многу луѓе губат пари, нема масовно противење на обидот да се реши проблемот.

Извор: Lolamagazin
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот