X
 31.01.2017 Култура

По говорот на Трамп, „1984“ на Орвел е најпродаваната книга на Амазон

Тоа што го зборуваше Трамп за „алтернативни факти“, е во истиот дух кој го опишал Џорџ Орвел  во 1949.


Тешко е да се замисли дека причината би можела да биде било што друго освен „новоговорот“ кој уште од првиот ден започна фа о употребува Шон Спајсер, портпаролот на Доналд Трамп. „Алтернативните факти“, навистина е тешко да се замисли дека таков израз би можел да асоцира на нешто друго отколку на ремек делото на Орвел „1984“ и сега, најновото издание на книгата бележи скок на листата најпродавани книги на Амазон. Амазон не објавиле за колкави бројки станува збор, но спектакуларно е тоа што во 2017 година скок во продажбата бележи роман напишан уште во 1949 година.

Орвел го напишал романот на крајот од својот живот, веројатно како последица од тоа што бил доброволец во меѓународните бригади на страна на владата против фашистите во Шпанската граѓанска војна. Го опишал тоталитарното општество, еднопартискиот систем со апсолутно строг надзор, држава која од граѓаните барала не само послушност во делата и зборовите, туку и казнувала мисла како кривично дело. Романот е критика на СССР, но во одредена мера и на капиталистичкиот свет.

Во таков свет, било неопходно да се смислат зборови за голем број на неологизми и да се воведе „новоговор“. А осиромашувањето на јазикот значело намалување на шансите за критичко размислување, бидејќи на човекот му е потребен јазик за да обликува конкретна мисла. „Дуплозофија“ на пример, означува способност да се верува во две спротивставени работи истовремено, поточно верување во партиска вистина, иако се работи за лага. „Војна е мир“, „Слобода е ропство“ и слични работи кои се дел од стварноста во која мора да се верува. И покрај сето тоа, повремено се случува „мисловен деликт“.

Во романот, Орвел објаснува дека властите дури и не се борам за некој луксуз, туку за моќта над другите и дека тоа е суштината на се. Вестите постојано се извртуваат, за да се прикрие дека властите се виновни. А ситуацијата кога маса на луѓе се собрала на инаугурацијата на Трамп и се прогласува за поголема маса од онаа на Обама, иако според фотографии, па и голо око се гледа дека Обама собрал повеќе луѓе, не може поинаку да се опише освен како обид на Трамп да ја контролира стварноста.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура