X
 03.02.2017 Образование

„Да не сте мрднале! Сите во колона, кој ќе прозбори, тој нема да оди на појадок!“

Во наредните текстови ќе ги раскажеме искуствата на родителите, се разбира преку доживувањата на нивните дечиња, на почетокот на нивното образование. Што сметаат дека е добро, а што недостига на нашиот образовен систем. Ќе објавиме и текстови од искуствата на наставниците



Помина првото полугодие. Со што се соочија родителите и првачињата во оваа нова етапа во животот? Сите беа и се уште се во транзитен период, во чувствителна фаза. Најголемиот дел од нив, од безгрижните денови во градинка и секојдневната можност за двочасовната дремка, влегоа во светот наречен целодневна настава. Осум часа понаков тек во денот, на дрвено столче, без можност да се одморат. Построги правила, помалку игра, повеќе работа.

Во наредните текстови ќе ги раскажеме искуствата на родителите, се разбира преку доживувањата на нивните дечиња, на почетокот на нивното образование. Што сметаат дека е добро, а што недостига на нашиот образовен систем. Ќе објавиме и текстови од искуствата на наставниците. Иако е тоа нивното професионално секојдневие, што им е најкомплицирано кога почнуваат одново, настава со првачиња.

Марија Т. од Скопје се соочува со новата етапа во животот. Таа е добро информирана личност. Вели дека пред тргнувањето на нејзината ќерка во училиште не чувствувала радост, затоа што знаела дека нашиот училишен систем има сериозни недостатоци.

- Најголемо разочарување ми беше тоа што ништо не се сменило од мое време, кога сум била ученик пред 27 години. Напротив, се отишло на уште полошо. Ќе почнам со хигиената. Срамно е и жално во 21. век, ние овде се уште да се бориме и да молиме за почисти тоалети и за поправка на скршени даски на ВЦ шолји. И уште пострашно, тоа училиште е во општина Центар – една од најголемите и најбогатите општини во Скопје! - раскажува таа.

Втората забелешка се однесува на наставничкиот кадар.

- Ме разочара што наставничките за сите овие години, после илјадници објавени книги во светот од областа на воспитувањето, разни пристапи на образование – Валдорф, Монтесори, Реџо Емилија... од толку многу алтернативни начини и нежни зборови, тие се уште ги употребуваат најпонижувачките: „Да не сте мрднале! Сите во колона, кој ќе прозбори, тој нема да оди на појадок!“. Тотално немање осет за вистинската природа на тие пет и пол - шест годишни деца, кои до вчера оделе во градинка, каде имале речиси тотална слобода на движење и зборување. И тие сега одеднаш очекуваат децата да седат мирни по 40 минути на ден, а тоа се речиси 7 часа седење дневно за децата во целодневен престој! Не велам дека не треба да има ред и дисциплина, но најважно е да се има осет и разбирање за потребите на децата и за нивната вистинска природа. После толку години работа со деца, требале да научат која е вистинската формула без викање и со меки зборови да им се обраќаат на тие нежни, кревки души! За утре тие да израснат во едни добро воспитани индивидуи, полни со самодоверба и со љубов, разбирање и почит како кон себе, така и кон сите други - вели Марија.

Таа е целосно изненадена од начинот на предавање и на тоа колку многу време посветуваат само на предметот математика.

- Колку е испревртено се! Од септември до декември, тие учеа собирање и одземање, разни начини како да добиеш еден збир, а дури сега во јануари учат пишување на броевите. Нема коси, испрекинати линии, полжавчиња, кои не учеа на правилно држење на моливот и навикнување на раката за полесно пишување на буквите и броевите! И самите наставнички признаваат дека Кембриџ програмата не е добра, но или се претивки или никој не сака да ги слушне. И за крај, знам дека наставничките не се добро платени за својата работа, но тоа не треба да е проблем на децата - вели Марија.
Подготвил: В.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование