X
 07.02.2017 Наука

Хартија која може да се печати со светло и да се користи 80 пати

Во борбата против штетното влијание од инкџет печатењето на животната средина, истражувачите смислиле нов вид на хартија која може да биде печатена со светло и повторно напишана дури до 80 пати. Нивниот изум ја вметнува хемијата на менување на бојата на наночестичките, што може да се нанесе преку тенок слој на различни површини – вклучувајќи ја и обичната хартија.


Истражувачите од „Шандонг“ Универзитетот во Кина, Универзитетот во Калифорнија, „Риверсајд“ и „Лоренс Беркли“ националната лабораторија, неодамна објавиле студија која ги содржи деталите од иновацијата. Тие велат дека нивната цел била да се постигне истиот изглед како со обичната хартија, но а може  да се печати и брише содржината повеќе пати без потреба од дополнително мастило.

Се поставува прашањето: Зошто да не се користи рециклирана хартија? Но, како што стои во објаснувањето на „Phys.org“, хемикалиите употребени во производство на хартија се водечки извор на индустриската загаденост. Рециклираната хартија придонесува во проблемот со загадувањето, при процесот на отстранување на мастилото. Додадете го на тоа проблемот со уништувањето на шумите и случајот со минимизирање на користењето на хартија е добар избор.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука