X
 25.08.2020 Наука

Научниците ја открија формулата за среќа: Морето или езерото ве прави посреќни

Истражувањата покажуваат дека близината до вода ве прави посреќни, па затоа најдобро би било наредниот одмор да го резервирате на плажа.

Без оглед дали ја пиеме, дали пливаме во неа или едноставно гледаме во неа, се покажува дека водата ја подобрува нашата ментална и физичка благосостојба.

Според Валас Џ. Николс, автор на „Син ум“, ние природно сме привлечени од синилото на мајката природа во голема мера затоа што луѓето тоа го поврзуваат со смиреност.

Размислете: кога одиме на одмор за да се оддалечиме од нашите секојдневни животи, сакаме да одиме покрај вода, без оглед дали тоа е езеро, море или океан. Понекогаш плаќаме стотици, па дури и илјадници за да бидеме близу вода.

- Плаќате за чувство. Кога ќе ги прашате луѓето да го опишат тоа чувство, тешко им е да го направат тоа, па им останува да речат само дека им се допаѓа, им е потребно и се подготвени да платат многу пари - вели Николс.

voda
Фото: Pixabay

Истражувањето спроведено во Велика Британија ја поддржува идејата на Николс. Луѓето што живеат во близина на море генерално се поздрави и посреќни.

Исто така, постои и идејата за нешто што е познато како „сина вежба“, при која внесувањето на морето во физичките активности на луѓето (без разлика дали тоа е пливање, пловење со кајак или едноставно пешачење по плажа), може да го подобри вашето расположение.

Ако физички се наоѓате во вода, ќе имате уште поголема корист бидејќи истражувањата покажуваат дека тоа може да го намали нивото на хормоните за стрес, крвниот притисок, проблемите со спиењето. Исто така, може да им помогне на мускулите да закрепнат од вежбањето, а помага и во креативноста.

Но, ако не сакате да влегувате во вода, и слушањето на звукот на брановите може да го намали нивото на стрес: истражување од шпанскиот универзитет во Гренада открива дека луѓето го поврзуваат звукот на водата со позитивни чувства. Исто така, не е невообичаено луѓето да го слушаат звукот на брановите за да заспијат.

- Постојат некои истражувања што велат дека луѓето можеби спијат подобро кога се во непосредна близина на природата. Не е ни чудо што машините за спиење секогаш имаат звуци на дожд, океан или река - вели Кристофер Винтер, автор на книгата „Решение за сон“.

Извор: Unilad.co.uk
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука