X
 12.02.2017 Живот

Sport Vision со нов предизвик – adidas “Blue Blast“: Најдобрите фудбалски клубови си ги одмерија силите во Тетово и Скопје

Љубовта кон спортот е уникатна и посебна. Фудбалот, како еден од најпопуларните спортови кој од страна на најверните љубители се следи религиозно во Македонија, а и во светот, е и еден од најомилените спортови и на најголемите светски спортски брендови како што е Адидас.



Во склоп на најновата кампања на Адидас и лансирањето на новите копачки „ACE 17.1 primeknit“ од колекцијата „Blue Blast“, викендов во Тетово и Скопје се оддржа несекојдневно дружење со сите присутни љубители на фудбалот и со едни од најдобрите фудбалски клубови во Македонија и нивните најмлади членови. Тие ја имаа честа меѓу првите да облечат едни од копачките од колекцијата „Blue Blast“, и со нив да се наптреваруваат во жонглирање. И во двата града, младите фудбалери беа ставени на тест.



Фудбалските клубови се натпреваруваа во издржливост за најдолго жонглирање со новите копачки од колекцијата на Адидас „Blue Blast“. Денес ФК Работнички, ФК Вардар, ФК Ѓорче Петров и ЖФК Драгонс си ги одмерија силите во продавницата Sport Vision во Скопје Сити Мол во Скопје, а во саботата во центарот на Тетово, во продажното место на Sport Vision на плоштадот се натпреваруваа тамошните млади фудбалери од ФК Тетекс Тетово, ФК Шкендија и ФК Гостивари (учесници на возраст до 14 години).



Некои фудбалери се родени да имаат целосна контрола над играта, па затоа и најдобрите на крајот беа наградени од Sport Vision со Адидас фудбали, копачки, патики, и шишенца.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот