X
 08.03.2017 Технологија

Кинеско ремек-дело: Како да се транспортира ветерница долга 50 метри низ планина?


Транспортирање ветерници во Кина

Енергијата на ветерот најдобро се „лови“ на непристапни места. На планината Баодинг, во кинеската провинција Јунан, поставени се огромни ветерници кои успеваат да ja „скротат“ (енергијата), но самиот поглед на планинскиот терен и тесните, кривулести планински патишта, предизвикуваат чудење: како се транспортираат до овие места ваквите големи уреди?

Фасцинантна видео-снимка на транспортирање на делови од ветерните турбини, кои се долги 50 метри и тежат 80 тони, низ планински пат со 212 кривини, пред извесно време се појави на Facebook, на страницата на Tech Insider, а досега го прегледале над 20 милиони лиѓе.

Слични снимки може да се најдат и на YouTube, каде е прикажано како внимателното планирање и инженерските достигнувања можат да совладаат огромни природни препреки, а во овој случај – во корист на природата.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија