X
 09.10.2022 Наука

Инженери создадоа безбеден нуклеарен реактор што го собира во камион

Многу држави низ светот размислуваат за изградба на нуклеарни централи периодов. Просечната нуклеарна централа произведува 8.000 пати повеќе енергија отколку централите што работат на фосилни горива. Нуклеарните централи се подобри за околината од термоцентралите, но несреќите како оние во Чернобил и Фукушима спречуваат многу земји да изградат вакви централи.

Професорот Метју Мемот и неговите колеги од Универзитетот „Бингам јанг“ велат дека дизајнирале нов систем за производство на нуклеарна енергија кој е далеку побезбеден од традиционалните нуклеарни централи.

Најчесто нуклеарните реактори ги делат атомите на ураниум за да создадат енергија, додека остатоците се складираат во структури кои се ладат со вода. Доколку овие структури немаат доволно вода и се прегреат, целиот објект е во опасност од несреќа.


Фото: Brooklyn Jarvis Kelson/BYU 

Новото решение предложено од Мемот и колегите е да се складира радиоактивниот отпад во стопена сол наместо во досегашните структури. Предлогот е да се раствораат сите радиоактивни нуспроизводи во стопена сол бидејќи солта има многу висока температурна точка на топење. Со тоа, радиоактивната енергија се апсорбира во солта, што го отстранува ризикот од топење и последователна несреќа.

Понатаму, вредните елементи може да се извадат од солта и да се искористат во други цели, објаснил Мемот.

- Преку овој процес може повторно да ја исчистиме солта и да ја искористиме. Може да ја рециклираме солта бесконечно - изјавил Мемот.

Друга предност на системот претставен од Мемот е неговата големина. Станува збор за микрореактор кој може да го собере во камион и затоа може да се пренесува и да се користи за производство на енергија на изолирани локации.

Според научниците, еден микрореактор произведува енергија доволна за снабдување 1.000 просечни домови во САД.

Извор: Interesting engineering
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука