Американската глумица Анџелина Џоли оваа есен ќе гостува како професорка на мастер курсот на престижната Лондонска школа за економија.
Фото извор: rts
Оскаровката веќе ја претставила програмата за курсот на вчерашните предавања во Центарот за жени, мир и безбедност. Пред почетокот на предавањата, Анџелина кажала пред новинарите дека е „малку нервозна“, но се надева дека сѐ добро ќе помине затоа што предавањето е „многу важно“ за неа, пренесува London Evening Standard.
Холивудската глумица и режисерка волонтерски ќе предава на магитерската програма „Жени, мир и безбедност“. Таа е позната по хуманитарната работа и е специјален пратеник на Високиот комесар на ОН за бегалци.