X
 20.05.2017 Технологија

Компјутер стар 2000 години им помагал на античките Грци да го разберат универзумот

Најстариот компјутер на светот бил потопен повеќе од 2 илјади години на брегот на Грчкиот остров Антикитера. Под големата количина на вода, песок и остатоци од бродот кој некогаш го пренесувал, механичките делови на античкиот астрономски компјутер кородирале.

фото извор: Google Doodle

На почетокот на 20 век, група на рибари го пронашле компјутерот во водата. Во 1902 година, било организирано подводно ископување. Најинтересен предмет кој бил изваден од длабочините бил делот од античкиот компјутер кој е познат како „Antikythera Mechanism“.



Во изминатите декади, научниците користеле Х-зраци и скенирања за да погледнат во внатрешноста на овој механизам и да го реконструираат она што најверојатно се креирало некаде помеѓу 200 и 70 година п.н.е. Познато е дека уредот содржел колекција од 30 ротирачки запченици кои служеле за следење на Сонцето, Месечината, еклипсите, планетите и распоредите за Олимпијадите. Уредот му овозможува на корисникот да предвиди веројатни еклипси, како и поминувањата на небесните тела на небото.

Сепак, истражувачите уште не знаат прецизно која била целта на уредот или кој го користел. Се надеваат дека доколку се пронајдат нови делови од под морето, ќе можат да пронајдат одговори за повеќето прашања поврзани со „Antikythera Mechanism“.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија