X
 24.05.2018 Технологија

Шефот на „Мајкрософт“: Целиот свет станува еден голем компјутер

- Неверојатно е да размислувате за светот како за компјутер. Мислам дека тоа е вистинска метафора за нас и нашето одење напред - вели Сатја Надела, шеф на „Мајкрософт“.

- Денешниот свет е неразделно поврзан со технологијата што е вградена во секое место, во секоја работа и секоја личност. Сето она што го правиме денес е фундаментално обликувано токму од дигиталната технологија која е присутна во нашите домови, на работа, на местата каде што се забавуваме и така натаму - смета Надела.

компјутер
Фото: AFP


Благодарение на „облак-компјутери“, интернет на нештата и вештачката интелигенција, нашата планета сега можеме да ја гледаме како еден голем компјутер. За успехот и иднината на „Мајкрософт“, најважна е вештачката интелигенција.

Тој додаде дека „Мајкрософт“ моментално ги преиспитува своите најважни производи користејќи вештачка интелигенција што ги поврзува заедно. Смета дека вештачката интелигенција е клучот за развој на нови услуги, како што е компјутерска визија и процесирање на говор. Колку им е важна вештачката интелигенција покажува и преземањето на компанијата „Семантик машинс“, што на оваа компанија ќе ѝ помогне во развојот на што пореалистични чет-ботови, односно виртуелни асистенти кои ќе можат да разговараат со луѓето.

Надела посебно предупреди на тоа дека при развојот на вештачката интелигенција треба да се земат предвид одредени принципи и етики, односно треба да се употребуваат исклучиво за доброто на човештвото. Тој додаде дека со нивна помош полесно ќе ги извршуваме секојдневните работи иако е јасно дека со текот на времето ќе ги заменат луѓето на голем број работни места.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија