X
 21.05.2017 Економија

Најважните економски последици од конфликтот меѓу Америка и Јужна Кореја со Северна Кореја

koreja
Фото: Reuters

Скапи мобилни телефони и телевизори, нарушување во глобалната трговија и повисок американски јавен долг би биле најважните економски последици од војната на Корејскиот полуостров. Тестирањето на балистички ракети во Северна Кореја покажа дека изолираната земја се развива сè повеќе и повеќе и развива многу пософистицирана воена технологија. Ова уште повеќе ги зголеми тензиите меѓу Западот и Пјонгјанг.

Најновите истражувања на „Capital Economics“ истакнуваат дека глобалната економија силно ќе ги почувствува последиците од воените делувања во Кореја поради веројатно инволвирање на Америка, и значењето на економијата на Јужна Кореја во светот. Ако се намали јужнокорејскиот БДП поради војната, глобалниот БДП ќе се намали за 1%, што значи дека ќе падне на 2%.Освен тоа, оваа земја е четврт светски произведувач на потрошувачка електроника во светот по вредност, па дури и кратка војна со северниот сосед би имала катастрофални последици. Во тој случај останатите произведувачи на електроника би морале да пронајдат други добавувачи за да го надоместат недостатокот на јужнокорејски делови.

Но, светот нема доволно капацитет кој би можел да го замени производството на Јужна Кореја. Ова би довело до застој на производството кај дел други производители, што ќе резултира со пораст на цените на потрошувачка електроника. Но, економскиот застој тука не застанува. „Американската потрошувачка на електроника, вклучувајќи ги и паметните телефони, камерите и компјутерите прават 1% од потрошувачката кошничка. Ако корејската војна доведе до двојно зголемување на цените, инфлацијата во Америка ќе се зголеми за 1%“, вели анализата.

Би се случило и нарушување на глобалната економија. Имено, 9 од 10 најпрометни контејнерски пристаништа се наоѓаат во Азија, вклучувајќи го и јужнокорејскиот Бусан. Затоа, последиците од конфликтот помеѓу двете Кореи би ги опчувствувале и државите кои на никој начин не би биле директно вклучени. Конечно, тука е влијанието и на американските јавни финансии. Ако Америка инвестира во повоена реконструкција на Јужна Кореја, еднаков износ инвестиран во Авганистан и Ирак, јавниот долг ќе се зголеми за третина, предупредува извештајот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија