X
 15.06.2021 Култура

Град во кој алкохолот е поевтин од водата, а шопинг-центрите работат 24 часа

Ако размислувате да ја посетите Јужна Кореја, оваа статија треба да ја зацврсти вашата желба и да ве наведе да купите авионски билет.

Ви пренесуваме неколку причини зошто треба да го изберете Сеул.

Речиси сè е отворено 24 часа


Во овој град никогаш нема да ви биде досадно. Зошто? Затоа што речиси сè што можете да замислите е отворено 24 часа: ресторани, кафулиња, барови, велнес-центри, па дури и шопинг-центри.

Ќе имате можност да пробате жив октопод

Ова јадење не е за оние со слаб стомак. „Санаки“ е сашими-октопод што се јаде жив.

seul
Фото: Freepik

Никогаш нема да ви биде студено во рестораните

Рестораните во Сеул се познати по тоа што се јаде на маси што се исклучително ниски, но постои добра причина за тоа. Дури и нема да добиете столче, туку ќе седите на подот. Причината за ова е тоа што традиционалните ресторани и понатаму ја негуваат традицијата на подно греење за да ви биде топло.

Некои алкохолни пијалаци се поевтини од водата

Жителите на Сеул го обожаваат алкохолниот пијалак наречен „соја“. Пијалакот има неутрален вкус и потсетува на вотка, но нема да ве погоди многу бидејќи има малку алкохол. Но, можете да го најдете во варијанти од 16 до 58 отсто алкохол, и интересно е тоа што овој пијалак во Сеул е поевтин од водата.

Искуството во спа-центрите тука е на сосема друго ниво

Спа-центрите претежно се отворени 24 часа. Значи, ако не можете да заспиете навечер или ако не знаете што да правите во текот на денот, посетете го „џимџилбанг“, традиционален спа-центар во кој не смеат да влезат луѓе од различен пол.

Значи, мажите и жените уживаат одделно, а има и различни видови базени, масажи, сауни и спални соби.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура