X
 26.05.2017 Образование

Студентите и специјализантите на Стоматолошкиот факултет со барање до Ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски

Студентите и специјализантите на Стоматолошкиот факултет при УКИМ бараат од ректорот Никола Јанкуловски да ја прифати кандидатурата на проф. д-р Ќиро Ивановски за декан на Стоматолошкиот факултет. Во отвореното писмо, кое со потписи е поддржано од 220 студенти и специјализанти на Стоматолошкиот факултет, од ректорот Јанкуловски се бара да ја промени својата одлука и да ја почитува волјата на мнозинството професори, студенти и специјализанти од Факултетот.

Во целост го објавуваме новното барање

Б А Р А Њ Е


Почитуван Ректоре,

Со приложените потписи, ние, студентите и специјализантите при Стоматолошкиот факултет – Скопје при УКИМ бараме од Вас да ја промените својата одлука и да ја почитувате волјата на мнозинството професори, студенти и специјализанти од Факултетот. Да ја прифатите кандидатурата на проф. д-р Ќиро Ивановски за Декан на Стоматолошкиот факултет. Одлуката со која назначивте в.д. декан ја донесовте без да истакнете конкретна, аргументирана причина, а со тоа го прекршивте член 54, став 1, алинеа 9 од Законот за високото образование. Целосно ја игнорирате одлуката на Наставно-научниот совет, а со тоа ја нарушувате автономијата на Стоматолошкиот факултет.

Сметаме дека треба да ја промените одлуката и да постапите соогласно Законот за високото образование, да ја прифатите кандидатурата за Декан на проф. д-р Ќиро Ивановски, кој ја ужива подршката од мнозинството професори, студенти и специјализанти. Силно веруваме и Ве охрабруваме да ја промените својата одлука и да постапите правилно.
Барањето е подржано од 220 студенти и специјализанти  на Стоматолошкиот факултет

Барањето е доставено до архивата на Ректоратот и заведено под архивски број 02-504/1 од 25.5.2017 година

Скопје, 25.5.2017

Со почит,
Студентите  и специјализантите од Стоматолошкиот факултет при УКИМ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование