X
 14.06.2017 Наука

МИТ креира мастило за тетовирање кое ја менува бојата и го следи здравјето во реално време

Тим на истражувачи на Институтот за технологија во Масачусет, МИТ, креираа мастило за тетовирање кое ја менува бојата и кое реагира на промени во телото како шеќер во крвта и промена на нивото на натриум.

тетоважа
Фото: sciencealert.com

Научниците користеле течност со биосензори наместо стандардно масло, и се со намера да ја претворат површината на кожата во „интерактивен екран“. Проектот на МИТ и медицинското училиште на Харвард наречен DermalAbyss комбинира биотехнологија со течен посредник.

До сега се креирани три различни мастила кои менуваат боја како резултат на промени во интерстицијалната течност, која се наоѓа меѓу клетките. Од овие три, најинтересна е она мастило кое го следи нивото на гликоза . Сензорот ја менува бојата од сина до кафеава како се качува нивото.

Тимот исто така креирал мастило кое се менува од розево до виолетово како се качува pH нивото и уште едно што го мери нивото на натриум.

За некој кој има здравствени проблеми кои бараат постојано набљудување ова е одлична и забавна опција.

За сега не се знае кога производите ќе бидат достапни за користење, а во фаза се тестирања на истите.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука