X
 28.07.2018 Наука

Прелиминарно откритие за тоа што го предизвикува аутизмот

Микробите на мајките во текот на бременоста се клучен фактор на ризик за развој на аутистичен спектар, покажува истражувањето на научниците од Факултетот за медицина, при универзитетот во Вирџинија.

Ова откритие ја отвора можноста за намалување на ризикот од развој на аутизам со соодветна промена во исхраната на бремените жени или земање на соодветни пробиотици.

autizam

Дека постои таква можност, потврдува фактот што научниците успеале да спречат развој на аутизмот кај лабораториски глувци. Ризикот бил намален со блокирање на одредени воспалителни молекули интерлекин-17а, то создава одбранбен систем во организмот. Експертите семтаат дека со тоа аутизмот може да се спречи така што ќе се инхибира фомирањето на оваа молекула.

Но авторите велат дека истражувањето на овие процеси е во рана фаза, што значи дека е неопходно да се види дали друг методата има несакани ефекти.

-Откривме дека микробиомот е клучен фактор во одредувањето на параметрите на аутистични нарушувања, што укажува на тоа дека треба да се насочиме кон микробиомот на мајката или воспалителната молекула ИЛ-17а - вели д-р Џон Лукенс од Одделот за невронаука.

-Молекулата исто така може да се користи како биомаркер за рана дијагноза - додава тој.

Познато е дека во човечкото тело постојат повеќе бактериски отколку човечки клетки. Најмногу има во дигестивниот систем, каде повеќето од нив имаат позитивна улога - ни помагаат во варењето, спречуваат бројни инфекции и го учат одбранбениот систем како да се бори. Познато е дека нарушувањето во функционирањето на микроорганизмите може да предизвика многу болести. Исто така, познато е дека ризик фактор за развој на аутизмот е генетиката, но исто така може да биде и животната средина.

Лукенс и неговите соработници откриле комплексен однос помеѓу здравјето на бремените жени и здравиот развој на детето.

-Микробиомите може да го обликуваат развојот на мозокот на различни начини - изјави Лукенс.

Тимот покажал дека нездравите микробиоми на мајката може да предизвикаат проблеми во невролошкиот развој на детето. Добра работа во врска со ова откритие е тоа што на микробите може лесно да се влијае со правилна исхрана и пробиотици. Овие техники може да обезбедат здрава рамнотежа помеѓу микроорганизмите во дигестивниот систем.

Не е до вакцините


Лукенс истакнува дека, иако постои корелација помеѓу невроразвојните нарушувања и одбранбениот систем, ниту еден наќчин не укажува на поврзаност меѓу вакцините и аутизмот.

-Постои дефинитивна врска помеѓу имунолошкиот одговор и развојот на мозокот, но тоа нема врска со вакцинацијата. Тоа се случува многу порано - појаснува Лукенс.

Научниците од целиот свет досега направиле стотици истражувања што покажуваат дека не постои никаква врска помеѓу аутизмот и вакцинацијата. Сомнежот на оваа поврзаност произлегува од фактот дека првите симптоми на аутизмот се манифестираат во периодот кога децата ги добиваат првите вакцини. Но истражувањата, меѓу кои и едно данско спроведено на повеќе од половина милион луѓе, покажале дека процентот на деца со аутистичен спектар на нарушување е еднаков и меѓу вакцинираните и меѓу невакцинираните деца.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука